14 Јуни, 2008 - 11:24
![]() | |||||
|
Хумана акција
|
AS MARCA FOOTBALL ITALIA
GOAL
14 Јуни, 2008 - 11:24
25 Мај, 2008 - 11:29 Деновиве интензивно се зборува за трансферите, што е и логично со оглед на тоа што за време на Европското нема да има можност да се пеглаат евентуалните трансфери и преговори со фудбалерите кои ќе бидат зафатени. Случајот со Кристијано Роналдо ќе биде во интензитет уште сигурно десетина дена. Најпрво ќе го изнесам мојот став за евентуален трансфер и мојата желба идната сезона да го носи белиот дрес на Бернабе... Остатокот од текстот прочитајте го на 24.fudbal.com.mk
19 Мај, 2008 - 20:51 Да се збори што е фасцинантно за нив е веќе досадно. Ќе се обидам да изнесам некои ставови кои се од другата страна на нивниот менаџерски изграден имиџ. Воедно во сезоната што ќе предстои се поголемо ќе биде и трнерското и ривалството меѓу овие 4 екипи кои полека почнуваат да се израмнуваат според квалитетот а со тоа и можностите за израмнета борба низ сезоната. Како никогаш до сега сите овие 4 екипи биле со израмент квалитет и императив за титулата во исто време... Продолжението на 24.fudbal.com.mk
5 Мај, 2008 - 21:29 Иако ни малку овој пат не ме интересира дуелот во Среда сепак мислам дека имаме сила да и покажеме на ваква Барселона каква што е во моментов зошто сме шампиони. Шампањот и доцната Благодарност на сите фудбалери кои ми го овозможија овој момент на мене и сите реалови навивачи низ Светот.
2 Мај, 2008 - 18:09 По месец и кусур еве ме за оние кои ме читаат.Скоро месец дена не успеав да најдам време за коментирање и читање а камо ли за постирање. Едвај врзував по 5 минути пред монитор дневно со цел да видам што е ново во светот на фудбалот. Освен тоа турбуленциите во завршницата на сезоната даваа малку простор за анализирање и посочување на нешто што веќе не е видено и познато. На Реал му требаат уште два бода официјално да ја освои 31-та титула во ПРИМЕРА. Јас сум еден од оние кои никогаш не се осмелува да помисли дека работата е завршена додека таа и легитимно е завршена. Очекував минатиот викенд како и сите навивачи на Реал и жители на Мадрид кои го поддржуваат клубот да ја прославиме титулата. Сепaк овој викенд ќе можеме со свои нозе тоа и да го направиме без оглед на факторот на конкурентот, во случајов Виљареал. Еве во рамиките на тероријата да направиме една анализа. Реаловите играчи се спремни за славје. Но што доколку Реал се врати без ни еден бод од Памплона па после загуби и од Барса и на гости од Сарагоса која се бори за гол опстанок. Останува нервозна ситуација со Леванте во последното коло. Сето тоа е да не речам и можно и релативно изводливо сценарио. Но за тоа да биде Виљареал ќе треба да победи на сите натпревари до крајот. Што се однесува на ефектот од сезоната особено сум горд и задоволен од фудбалерите. По форумите и сајтовите веќе се дискутира за најдобрите играчи на Реал во сезонава. Јас секогаш заслугата ја препишувам на целата екипа од причина што фудбалот е тимски спорт и не може еден или двајца фудбалери да се фактор за успех. Но од оние кои имаа фантастична сезона би го издвоил фантастичното враќање на Раул, претендентот за ЗАМОРА трофејот( голман кој примил најмалку голови во калкулација со настапи сезоната) Сан Икер и човекот на кого описно го нарекуваат "чиста сила на природата" Серхио Рамос. Следуваат иако недоволно застапениот поради повреди Пепе за кој Мурињо пред да дојде во Реал рече дека е еден од најдобрите пет дефанзивци во светот, Робињо. Голем напредок и вкомпонирање под палката на Шустер и голем потенцијал за идната сезона покажаа се постабилниот и еволуираниот Гаго, Хајнце,Весли Снајдер, Марсело и Робен. Но за тоа што би требало да се задржи за идната сезона и што би требало да се надгради во екипата во следниот пост. Има и една работа на што сум посебно горд особено во завршницата. Јас секогаш сум го респектирал противникот особено екипата на Барселона па и Атлетико Мадрид. Токму ми бендиса поддршката на Касиљас за пласман на Атлетико во ЛШ следната сезона и изјавите на Калдерон и Раул за поддршка на Барса во дуелите со Јунајтед. Токму тоа е она чувство кое го поседувам и јас како навивач на Реал. Секогаш сум во срцето со мојот клуб но силно го респектирам противникот па и го поддржувам кога се бори на други фронтови. Иако тоа е малку деликатно за објаснување и несвојствено за фудбалските фанови некогаш и кога е макар од куртоазија сепак е добро да се слушне. Значи во продолжение останува да освоиме два бода и Раул да може триумфално да застане на фонтаната во Мадрид. Што се однесува до Барселона планирам воопшто да не го гледам дербито во Среда од една причина. И лани и оваа сезона особено во завршницата стресно ја проследував секоја минута па во ситауција кога би било се готово сакам да го направам и тој потег. Дали ќе издржам и успеам ќе зборуваме во четврток. Пред некоја недела еден од каталонските весници објави карикатура со хумор каква ќе биде формацијата на Барса за дербито: наредени фудбалерите од едната и другата страна пред излезот од соблекувалните како аплаудират а низ средината поминуваат Реаловите фудбалери. Искрено не се ситам на таа позиција но бар кога се работи за Самуел Ето и тоа како би сакал да му го видам лицето во таква ситуација. Ето пред некој месец беше казнет како за време на прославата на титулата со Барса пред 3 години пред целиот стадион на микрофон кажува погрдни зборови за Реал. Јас Ето го почитувам како фудбалска фигура но не и како личност поради вакви причини. Ако ништо друго бар да му биде благодарен на Реал што го извлекол од африкансакта мизерија и му дал животна шанса. Но Ето како и Редфингер не знаат дека секогаш постои и одмазда, затоа прво се скока па се вика оп. Ова е порака баш до Редфингер и еден вид објаснување зошто неоснованите маалски јадачки не ги прифаќам на начин на кој тој сакаше да ги протне. Сепак се надевам научи доста бар од тие мои укажувања а тоа и веќе се гледа по постовите кои се подобри и подобри, да речам одлични.
24 Март, 2008 - 20:34 Еве ме со задоцнување од 24 часа, но сепак успеав да најдам време и да не го пролониграм и понатаму постирањето на овој текст. Значи уште еден пораз, овој пат од Валенсија. Ако ги собереме сите порази кои ги доживеавме оваа сезона сепак овој е најболниот бидејќи воопшто и не го заслуживме. Пораз како пораз не се гледа дали е заслужен или не, бидејќи на крај на сезоната се сумира првакот а не стативите, зицерите или играта. Секогаш пристанувам на фактичките состојби, но доколку сакаме да го анализираме мечот онака блогерски, тогаш има многу што да се зборува. Реал го одигра еден од своите најдобри мечеви сезонава во секој поглед, и само катастрофалните грешки на поедници можат да го нарушат таквиот впечаток. Поточно речено Фабио Канаваро може да издаде книга "Како да упропастите совршено одработена партија". Поседот на топка кој го имавме и против Депор се случи и вчера, со тоа што играта во завршната фаза беше на многу, многу повисоко ниво. Одбрамбената линија со ислучок на Италијанецот функционираше одлично, а особена карактериситка беше прекинувањето на контрите и нападите на Валенсија далеку пред опасната зона. Гаго го одигра најдобриот меч отако го носи дресот на Реал. Успешно пренесувајќи ја топката од одбрана во напад и активно учествувајќи во креирањето на акциите. Дефанзивно исто такак одигра солидно и многу подобро од Диара. Анализирајќи го токму Гаго дојдов до заклучок дека младиот Аргентинец е совшрен за Реал и Шпанија на неговата позиција, само треба да продолжи со напорната работа. Единственото нешто што треба да го прави е тоа да игра со самодоверба како вчера и да земе слобода на позицијата која ја игра. Оние кои играат фудбал знаат дека ако за време на утакмица немаш самодоверба и секој пас го додаваш со страв дека можеш да го згрешиш, никогаш нема да изиграш како што треба. Токму тоа беше случај со Гаго на претходните мечеви. Воопшто кој и да е фудбалер со ментална блокажа во својата игра не може да испорача она што од него се бара. Токму Гаго беше одлично олеснување за Гути кој одигра токму она што треба да го одигра по пренесените топки од Гаго. Многу полесно му е да игра на Гутиерез во офанзивата кога има кој да ја врши функцијата на пренесување на топката на половина на противникот. Диара мислам дека ќе треба да си бара нова средина од идната сезона доколку Шустер остане, бидејќи не се вклопува во неговиот напаѓачки и брзотрансформирачки фудбал. Баптиста исто така е вишок и со враќањето на Робен Шустер треба да го комплетира ултра брзот крилно дуое Робен и Робињо кое нуди многу можности во офанзивата и исто така би требало да го надомести одсуството на Руд. Е сега колку и да сака Куман д акаже дека Валенсија ја одработила победата играчки и стратегиски не е во право. Ниту успеа Валенсија да го неутрализира Реал ниту па да создаде сопствена игра. Головите беа на препад и само непромислените реакции на Канаваро им го донесоа успехот. Можеби и главниот виновник за успехот на Валенсија, се одбранетите два-три гола кој веќе беа видени во мрежата од страна на Хилдебранд. на истиот начин на кој ја отпиша барса на Ноу Кам исто се случи и вчера. Но и голманот се брои во оние единаесет на терен и неговата работа е да го брани својот гол и да ја работи својата работа. И уште едно не ми е јасно. Како може играч кој е прогласен за најдобар пред две години, играч кој се вбројува во еден од најдобрите дефанзивци на Светот, да го фрли на земја онака Силва, како што го направи Канаваро, и плус тоа во шеснаесетник??? Недозволиво и апсолутно ступидно. Такви глупи потези сум гледал само у трета-четврта лига у местото каде што израснав. Клизач на противнички играч на оддалеченост од десет метри од него, истот ака имам видено од крајно неинтелегентни играчи, пак во ниско лигашки дуели. РАУЛ...едноставно неверојатно но вистинито. Да го ставиме фактот што го надоместува Руд, да ги оставиме на страна головите во негов стил. Не ми е јасно како фудбалер со триесет години , капитен, докажан што не мора да полага ништо пред другите, небаре како младич од дваесет години цели деведесет минути се растрчува по целиот терен. Искрено, невидено. Дури ни Гатусо не би можел да го споредам во моментов со Раул. Браво секоја чест, се што би кажал би било премалку, останатото треба да го каже Арагонес. Искрено многу повеќе ми се допаѓа овој Реал сега отколку оној лани, но...Имаме добра игра и никој не може да го порече тоа но испуштањето на ремијата и неосвојувањето на бодови е сериозно и мора добро да се растумачи и од тренерот и од фудбалерите. Менталитет се вика тоа...менталитет...сте слушнале за Фабио Капело ?
17 Март, 2008 - 15:28
15 Март, 2008 - 23:56 Повторно изгубени бодови, овој пат најглупо што може. Интересно е Реал или тепа или губи. Нерешениот исход никако не се случува. Одигравме со целосна доминација во играта но изгубивме од "боси" фудбалери. Во првиот дел постојано создававме вишок играч и кога енергијата на играчите беше на ниво требаше да дадеме гол. Многу контрадикторно е да играш против екипа која не знае да помине половина, екипа која не знае да направи акција и да сврзе две топки и да изгубиш со автогол. Но уште поглупо е да имаш толкава доминација и да не создадеш ни една опасна шанса. Што би се рекло, многу пимплање, шева и на крај да не го направиш тоа за што се игра фудбалот, а тоа е да дадеш гол. Пораз е пораз , ваков или таков и мора да се признае. Уште пораритетно е тоа што губиме од релативно наивни екипи, а против силните газиме здраво. И сега по секоја логика е да се радуваш кога играш против послаба екипа, а во случајов треба да чекам дерби па за да тепаме. Што и да речам и јас и сите кои коментираат е излишно. Топката во Шпанија е најтркалезна...по стоти пат...но што друго може да се каже. Прочитајте ја најновата колумна утре( Недела) на 24.fudbal.com.mk
10 Март, 2008 - 15:21 Еве го линкот до веб сајтот на ТОПКИ каде можете да го погледнете прилогот кој беше емитуван во Саботата во емисијата ТОПКИ, по повод блог-фудбал натпреварот кој се одигра во Четвртокот. http://www.youtube.com/watch?v=sy2RTKQLi7E
7 Март, 2008 - 18:02 Првата моја колумна или текст како сакате за порталот www.24fudbal.com.mk е постирана денес. Рецензии за блог фудбалот што се одигра вчера можете да прочитате на: |
посетители:
| |||